Трошоците за живот се во пораст – зголемување во однос на јуни и во споредба со 2020 година

Трошоците за живот се во пораст – зголемување во однос на јуни и во споредба со 2020 година

 

Македонските граѓани имаат сè поголеми трошоци за живот. Според податоците на Државниот завод за статистика, има се поголем раст на трошоците и од месец во месец тие се се поголеми.

Трошоците на живот во јули во однос на јуни се зголемени за 0,5 проценти, а цените на мало за 2,3 проценти, објави Државниот завод за статистика.

Во споредба со минатата година во месец јули, трошоците на живот се зголемени за 3,4 проценти, а цените на мало за 5,4 проценти.

Пораст во однос на јуни е забележан кај цигарите за 0,9 проценти, млекото за 0,8 проценти, лебот и житата за 0,4 проценти и пивото за 0,3 проценти.

Зголемување има и кај воздухопловниот патнички транспорт за 49,9 проценти, гасот за домаќинствата за 8,4 проценти, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 5 проценти, течните горива за домаќинствата за 4,7 проценти, туристичките пакет-аранжмани за 3,4 проценти, услугите за сместување за 2,2 проценти.

Намалување е забележано кај маслото и маснотиите за 2,2 проценти, виното за 1,6 проценти, месото за 0,7 проценти и сирењето и урдата за 0,3 проценти. Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот има и кај теписите, облеката, мебелот и покуќнината, кујнскиот прибор, обувките.

 

Категории: Вести