УХМР: Зголемен водостојот на езерата и реките, се очекува да расте и утре

УХМР: Зголемен водостојот на езерата и реките, се очекува да расте и утре

 

Водостоите на две од природните езера и на речиси сите реки во земјава се зголемени во споредба со вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Нивото на Охридското и Преспанското Езеро е зголемено за еден сантиметар во споредба со вчера, но сепак е под просекот за октомври и тоа за 14 сантиметри кај Охридското и за 1,66 метри кај Преспанското. Со тоа водостојот на Преспанско Езеро е 14 сантиметри под апсолутниот минимум, а на Охридско Езеро е 4 сантиметри над дозволениот минимум. За разлика од нив, нивото на Дојранското Езеро е исто како вчера, но е за 1,5 метри повисоко од повеќегодишниот просек за вој месец.

Понизок од просечниот е и водостојот на речиси сите реки во земјава, со исклучок на Вардар на мерното место кај Демир Капија и Струмица кај Сушево, но кај сите реки бележи пораст во споредба со вчера, а според најавите од УХМР се очекува порастот да продолжи и во текот на утрешниот ден.

 

Категории: Вести