Уште неколку дена за аплицирање на повикот на ЕФСА и ЕСНА за изработка на упатство за третман на води

Уште неколку дена за аплицирање на повикот на ЕФСА и ЕСНА за изработка на упатство за третман на води

Европската агенција за безбедност на храната (EFSA) и Европска Агенција за хемикалии (ECHA) објавија јавен повик за развој на Упатство за влијанието на третманот на водата врз резидуите од пестициди и биоциди што можат да бидат присутни во природната вода наменета за производство на вода за пиење.

Предвидените цели на договорот кои се очекува да се реализираат се следни:

  • Развој на Упатство што овозможува идентификување на реалните опасности по однос на здравјето на луѓето од изложеност на штетни соединенија генерирани за време на обработка на водата при производство на вода за пиење.
  • Развој на рамка, која преку скрининг, ќе овозможи да се утврди дали резидуите од производите за заштита на растенијата, кои се користат согласно добрата земјоделска практика, може да бидат присутни во водата при апстракција на вода од соодветни локации и дали присуството на овие резидуи или резидуите од активни супстанци кои се содржани во биоцидните производи не може да се избегне, дали од овие резидуи што се јавуваат за време на третманот на водата при производство на вода за пиење се создаваат штетни соединенија. Доколку се создаваат, како да се процени изложеноста на луѓето и домашните животни на овие соединенија.
  • Упатството треба да се фокусира на најчесто користените методи за дезинфекција на водата, односно, хлорирање и озонирање. Употребата на брза филтрација со песок (се користи за отстранување на органски нечистотии) пред дезинфекцијата да биде вклучена како стандардна практика во третманот на површинска вода. Подземните води да не подлежат на филтрација пред третманот на дезинфекција.
  • При изготвување на Упатството да бидат идентификувани и искористени постоечките информации и упатства во областа, заради минимизирање на потребата од развој на нови методи за тестирање, како и избегнување на  дивергентни пристапи за проценка.
  • При дизајнирање на рамката, тежината на доказите и алтернативните методи треба да се промовираат што е можно повеќе, со цел избегнување на  потребата од дополнително тестирање, особено непотребно тестирање врз ‘рбетници.

Крајниот рок за аплицирање е 15 април 2021 година, а текстот на повикот со техничката спецификација и сите потребни информации може да се добијат на следниов линк: https://etendering.ted.europa.eu/cft/cft-display.html?cftId=7957.

За сите дополнители информации и поддршка, обратете се на националната фокална точка на ЕФСА за Северна Македонија, на следната електронска пошта: focalpoint@fva.gov.mk

Категории: Вести