Финансиски средства има – Пет од вкупно осум откупувачи на тутун обезбедиле финансии за исплата на тутунарите

Финансиски средства има – Пет од вкупно осум откупувачи на тутун обезбедиле финансии за исплата на тутунарите

 

Финансиски средства има – Пет од вкуно осум откупувачи на тутун обезбедиле финансии за исплата на тутунарите. Преостанатите треба да го сторат тоа до 15-ти декември до кога е законскиот рок за официјалниот почеток на откупната сезона. Мострите по кои ќе се цени предадениот род се навреме доставени до секој пункт. Квалитетот е подобар од лани, но се очекува дека оваа реколта количествата кои ќе се преземат ќе бидат помали.

Според најавите на монополите откупот на тутунот целосно ќе почне меѓу 5- ти и 10- ти декемеври, велат од  Државниот инспекторат за земјоделство. Согласно Законот тоа треба да се случи најдоцна до 15-ти идниот месец. Досега пет од осумте регистрирани откупувачи обезбедиле пари за исплата на договорените количества.

Во државава се регистрирани вкупно 173 откупни пункта, а на повеќе од половината инспекторите веќе им направиле контроли за усполнување на условите. Навреме се доставени и мострите  за проценка на класите.

Родот е многу поквалитетен од лани, велат тутунарите, но е помал од претходната реколта. Се очекува да тежи од 18.000 до 20.000 тони, а просечната цена да не биде под 220 денари за килограм. Оваа сезона, според новиот правилник, тутунот главно, ќе се откупува во три класи.

Во првата класа е зголемена и должината на тутунскиот лист, која ќе изнесува наместо до 12, до 14, а во втората класа до 18 сантиметри.  Дел од земјоделците сепак се сомневаат и сметаат дека правилникот суштински нема да ги промени состојбите во однос на реалната цена која останува непроменета за класите, а повисока може да биде единствено со подобриот квалитет на тутунот.

 

Извор: mrt.com.mk

Категории: Вести