Цената на бензините се зголемува за половина денар, дизелот останува со иста цена
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) одлучи од полноќ да се зголемат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,56 % .
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,430 ден/кг и сега ќе изнесува 46,921 ден/кг.
Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОСУПЕР БС-98 и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе се зголемат за 0,50 ден/лит .
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 14.02.2022 година.
Со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 82,50 ден/лит и 84,50 ден/лит за ЕУРОСУПЕР БС-98, а пак малопродажната цена за Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 73,50 лит/лит. и за ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 74,00 ден/лит.