Цената на бензините се зголемува за половина денар, дизелот останува со иста цена

Цената на бензините се зголемува за половина денар, дизелот останува со иста цена

Преглед

 

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) одлучи од полноќ да се зголемат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,56 % .

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,430 ден/кг и сега ќе изнесува 46,921 ден/кг.

Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОСУПЕР БС-98 и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе се зголемат за 0,50 ден/лит .

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 14.02.2022 година.

Со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 82,50  ден/лит и 84,50 ден/лит за ЕУРОСУПЕР БС-98,  а пак малопродажната цена за Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 73,50 лит/лит. и за ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 74,00 ден/лит.

 

Категории: Вести