Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) одлучи од полноќ да се намалат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,03%.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,607 ден/кг и сега ќе изнесува 41,245 ден/кг.
Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менува додека на цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се намалат за 1,50 ден/лит, додека пак цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе се намали за 1,00 ден/лит.
Со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 75,00 ден/лит и 77,00 ден/лит за ЕУРОСУПЕР БС-98, а пак малопродажната цена за Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 66,00 ден/лит, односно 66,50 ден/лит за ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) .