Цените на храната во постојан раст – Во мај драстично зголемување на вредноста на ФАО индексот!

Цените на храната во постојан раст – Во мај драстично зголемување на вредноста на ФАО индексот!

 

Цените на глобално ниво и натаму растат достигнувајќи највисоки вредности во последните 10 години. Индексот на цените на храната на ФАО (FFPI) во мај 2021 година во просек изнесуваше 127,1 поен, односно за 5,8 поени (4,8%) повисок од април и дури 36,1 поени (39,7%) над истиот период минатата година. Во мај се забележува најголемиот раст при споредба на месец со месец уште од октомври 2010 година.

Исто така, мај го означи дванаесеттиот последователен месечен пораст на вредноста на ФФПИ и моментално ја има највисоката вредност од септември 2011 година, со што индексот е само 7,6 проценти под својата врвна вредност од 137,6 поени регистрирани во февруари 2011 година.

Како најголеми фактори кои влијаат на овој пораст претставуваат зголемените цени на маслата, шеќерот и житарките, како и стабилните високи цени на месото и млечните производи.

fao ceni na hrana

 

 

 

Aвтор: м-р Благоја Муканов

Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.

Категории: Пазари