Цените на шеќерот и понатаму растат!

Цените на шеќерот и понатаму растат!

 

ФАО индексот на цените на шеќерот во просек изнесуваше 109,6 поени во јули, што е за 1,8 поени (1,7 %) повисоко во однос на јуни.Ова го означува четвртиот последователен месечен раст и највисоко ниво на цените од март 2017 година. Во Бразил, најголемиот извозник на шеќер во светот, имаме периоди со суви временски услови проследени со мразови што дополнително придонесоа кон зголемување на цената на шеќерот. Високите цени на сировата нафта, имаат тенденција да ги поттикнат производителите во Бразил да ги пренасочат количините на шеќер кон производство на етанол, со што дадоа дополнителен стимул за покачување на меѓународните цени на шеќерот. Меѓутоа, поголемите месечни зголемувања на цената беа спречени со зголеменото производство во Индија и слабеење на бразилскиот реал во однос на американскиот долар.

                                                             Извор: ФАО

                                                              Извор: ФАО

                                                          Извор: ФАО

 

Автор: Марио Петковски

Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.

Категории: Пазари