Бензините поевтинуваат за 0,50 денари, цената на дизелот останува иста
202 Прегледи
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) одлучи од полноќ да се намалат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,27%.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,298 д ден/кг и сега ќе изнесува 41,543 ден/кг.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува, додека цените на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОСУПЕР БС-98 и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе се намалат за 0,50 ден/лит.
Со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 74,50 ден/лит и 76,50 ден/лит за ЕУРОСУПЕР БС-98, а пак малопродажната цена за Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 65,50 ден/лит, односно 66,50 ден/лит за ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) .