Нови мерки за сточарите во процесот на заштита и елиминација на африканската свинска чума!

Нови мерки за сточарите  во процесот на заштита и елиминација на африканската свинска чума!

 

Заради елиминирање на ризикот од појава и ширење на болеста африканска чума кај свињите во земјава, имајќи ја предвид епизотиолошката соостојба со болеста во регионот каде е потврдено нејзиното присуство, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) донесе решение со сет на мерки кои треба да ги применуваат одгледувачите на свињи за превенција од оваа болест. 

Мерките вклучуваат:

  • Забрана за испаша на свињи на отворено;
  • Забрана за ставање во промет на свињи преку добиточни пазари и собирни центри;
  • Забрана за набавка и внесување на свињи без воспоставени основни биосигурни мерки;
  • Водење на евиденција за активности изведени на фарма;
  • Пријавување на сомнеж на болест или угинување на свиња;
  • Животните да немаат контакт со други животни со непознат здравствен статус.

За повеќе детали во врска со решението донесено од страна на АХВ пристапете ТУКА.

Категории: Вести