Ќе се подигнува јавната свест за важноста од означување на храната

Ќе се подигнува јавната свест за важноста од означување на храната

 

Крајот на проектот „Подобрена имплементација на законодавството во делот на здравјето на животните, безбедноста на храната и фитосанитарната област и соодветните информациски системи” ќе биде одбележан со две кампањи за подигнување на јавната свест за важноста од означувањето на храната. Од АХВ известуваат дека фокусот на кампањите ќе биде врз здравствените тврдења, како и за подобрување на пасивниот надзор над болеста беснило.

Проектот е вреден 1,6 милиони евра. Континуирано се реализира изминатите две години во рамки на ИПА 2015, со финансиска поддршка од Европската унија.

Носител на проектот е АХВ, а се спроведуваше во соработка со Фитосанитарната управа, Државната фитосанитарна лабораторија и Државниот инспекторат за земјоделство при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

На промоцијата, покрај директорот на АХВ, Николче Бабовски, ќе присуствуваат и претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и раководни лица од секторот за операции при Делегација на ЕУ во Скопје.