Цената на месото стабилна, но е за 22% повисока во однос на минатата година

Цената на месото стабилна, но е за 22% повисока во однос на минатата година

 

ФАО индексот на цените на месото во просек изнесуваше 112,5 поени во август, што е малку повисоко во однос на јули и за 22 % повисоко од истиот месец минатата година. Во август, глобалните цени за овчото и говедско месо се зголемија, пред се поради високите набавки, главно од Кина, и ограничените резерви на животни за колење во Океанија.

Цените на месото од живина, исто така се зголемија, како одраз на солидната побарувачка за увоз од Источна Азија и Блискиот Исток и ограниченото производство во некои големи земји извозници како резултат  на високите трошоци за одгледување и недостигот од работна сила. Од друга страна, цените на свинското месо се намалија поради континуираниот пад на набавките во Кина и слабата побарувачка во Европа, во услови кога има поголем број на свињи за колење.

Месо Август

Извор: ФАО

Месо Август

Извор: ФАО

Месо Август

Извор: ФАО

 

Автор: Марио Петковски

Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.

Категории: Пазари