Проект Биорурал – забрзување на трансферот на био-базирани решенија од мал обем во Европските рурални средини и отворање на патот кон одржлива и циркуларна биоекономија

Проект Биорурал – забрзување на трансферот на био-базирани решенија од мал обем во Европските рурални средини и отворање на патот кон одржлива и циркуларна биоекономија

 

 

BioRural, нов проект финансиран од програмата Хоризонт Европа, кој има за цел да ги поврзе значајните точки за да се отвори потенцијалот на Европските рурални средини кон циркуларна биоекономија.

Проектот BioRural работи на развој на преодна рамка кон одржлива, регенеративна, инклузивна и циркуларна биоекономија низ цела Европа и на поддршка за иноваторите да воведат био-базирани решенија од мал обем во руралните области. Со вкупен буџет од околу 3 милиони евра финансиран од Европската унија, BioRural треба да го премости јазот помеѓу достапните био базирани иновации  и секојдневниот живот на европските граѓани. Проектот промовира размена на знаења и ги истражува деловните можности за рурален развој. Вкупно 19 партнери од 14 различни земји се собраа и се подготвени да ги здружат силите во следните 3 години за остварување на целите. Проектот имаше одличен старт, почетниот состанок се одржа во септември 2022 во Атина!

 

  • Рурална Европа има итна потреба од промена на парадигмата.

 

Додека дигитализацијата и паметните уреди ги поврзуваат луѓе од целиот свет, оддалечените области сè уште не се способни да ги искористат овие нови технологии и со тоа остануваат изолирани.

Со сè повеќе луѓе кои се преселуваат во урбаните центри во последните децении, сегашната демографска распределба е прилично нееднаква; руралните области се населени со 30% од населението на ЕУ, и покрај тоа што опфаќаат над 80% од територијата на ЕУ.

Дополнително, економијата на ЕУ во голема мера зависи од линеарни производствени системи и необновливи ресурси и суровини. И покрај бројните обиди да се промени оваа состојба; на пример, само во 2018 година, земјите на ЕУ произвеле 61,8 милиони тони пластика.

Влијанието на линеарната економија во комбинација со проширената урбанизација, донесе нови предизвици за луѓето во руралните области, вклучувајќи: поголем ризик од сиромаштија, ограничен пристап до основните услуги и инфраструктура и пониско ниво на образование, во споредба со другите области во ЕУ, како и просечен БДП по глава на жител во руралните региони кој достигнува само 75% од просекот на ЕУ.

BioRural има за цел да се справи и да ги реши овие економски, демографски и климатски предизвици „преку развивање на ефективна транзициска рамка, со интегрирање на инклузивни решенија од кои ќе имаат корист сите Европски рурални региони“, предлага тимот на експерти во конзорциумот на BioRural.

 

  • Креирање позитивно влијание

 

Во својата храбра посветеност да донесе промена кон циркуларна биоекономија, овој нов проект ги поддржува иноваторите да воведат инклузивни био базирани решенија во рурална Европа, со цел да се подигне свеста и да се зголеми вредноста во овие региони. Оценувањето на тековните перформанси на Европската рурална биоекономија и разбирањето на бариерите кои влијаат на прифаќањето на иновациите, е само почетна точка!

BioRural е има намера да ја обезбеди и да ја подобри соработката помеѓу неколку клучни играчи во синџирот на Биоекономија; од земјоделци, рибари, шумари, рурални граѓани, иноватори, до пошироки групи како што се приватниот сектор, креаторите на политиките, локалните власти, невладините организации, училиштата, универзитетите и центрите за обука. Ова ќе се спроведе во пракса преку организирање на работилници, обуки и други активности, и на тој начин BioRural ќе ги дифузира расположливите ресурси на знаење до сите поврзани чинители. Секој од нив ќе добие приспособена и независна поддршка, од консултации до менторство. Ова не само што ќе ги отвори очите за луѓето кои се занимаваат со рурални активности, како што се земјоделците, туку исто така ќе резултира со одржливи бизнис модели, наменети да го забрзаат развојот на производи и услуги и да го подобрат пазарниот влез на био-базирани решенија во Европа.

Осум проекти кои досега успешно се трансформираа од идеи во производи, би можеле уште повеќе да ве убедат. Со цел да обезбедат оптимални услови блиску до природната исхрана на рибите, Пустелнија (Pustelnia) во Полска го воведе Сертификатот за благосостојба на рибите за одржлива локална аквакултура („Благосостојба на рибите“), додека „Старамаки“ (Staramaki) во Грција, произведува био-базирани сламки од нуспроизвод при локално одгледување на пченица, истовремено произведувајќи биоѓубриво од талог кафе од локалните кафулиња и остатоци од производството на сламки, давајќи алтернативно решение за еднократната употреба на пластичните сламки, а истовремено се справува со високата невработеност во руралните области на Кукуш. Ова се само неколку од неверојатните успешни приказни идентификувани и вклучени во проектот и уште многу други што следат!

До крајот на проектот, целта е да се исполни мотото односно да се поврзат сите значајни точки за да се отвори потенцијалот на Европските рурални средини кон циркуларна Биоекономија, воспоставувајќи ЕУ мрежа, способна да издржи низ времето. Координиран од тим на експерти од Центарот за истражување и технологија Хелас (CERTH), BioRural ќе биде врската за сите поврзани засегнати страни, од рибари до локални власти, за да се постигне оваа цел.

Според координаторот на проектот, д-р Танос Балафутис: „Нашата мисија е да им помогнеме на луѓето да размислуваат локално и да дејствуваат глобално, био базирани решенија кои ќе имаат позитивно и трајно влијание на планетата. Нашиот фокус е на луѓето, покрај заштитата на животната средина; со нетрпение очекуваме да внесеме нов живот во оддалечените рурални средини, да им помогнеме на луѓето да се здружат кон оваа кауза и да ве однесеме со нас на ова патување!“.

 

  • BioRural краток преглед:

 

Тема на повикот во програмата Хоризонт Европа: HORIZON-CL6-2021-CIRCBIO-01-08: Интегрирање на инклузивни био-базирани решенија од мал обем во Европските рурални средини

Вкупен буџет: 3 милиони евра

Времетраење: 3 години, 01/09/2022-31/08/2025

Конзорциум: 19 партнери од 14 Европски земји

 

 

Проектна координација Dr. Thanos  Balafoutis

Institute for Bioeconomy & Agritechnology (iBO)

Centre for Research & Technology Hellas (CERTH)

Тел: +30 231 125 7651

a.balafoutis@certh.gr

Проектна комуникација Despoina Kampouridou

Foodscale Hub

Грција

Тел: +30 231 046 2885

despoina@foodscalehub.com

 

 

 

Категории: Вести, Слајдер