Archive
нитрификација
Процес каде што амонијакот и други форми на азот се претвораат во нитрати (под дејство на микроорганизми).
микотоксин
Токсини кои што се произведени од габи.
микронутритиент
Хранливи материи кои се потребни во мали количини
мембрански потенцијал
Потенцијал на клетките за размена на јони
мицелиум
Мицелиумот е вегетативното тело на габите кое се состои од тенки (1,5-10 μm дебели) разгранети конци наречени хифи.
кутикул
Обвивка од органско потекло
конид
Асексуална форма на спора од габа
конидиофор
Делови од репродуктивниот систем на габите, каде што се сместени спорите
колеоптил
Заштитна обвивка на младите врвови од коренот
јон
Јон е атом кој изгубил или примил електрон односно е променета неговата неутрална природа.

