Tag "земјоделство"

Назад кон почетна
Вести

Рекордно високите цени на храната – палминото масло со највисока цена од 2008 година

    Зголемувањето на цените на маслото за јадење оваа недела, предизвикуваа стравувања дека рекордно високите цени на храната би можеле да бидат неизбежни. Фјучерсите за масло од соја во Чикаго ги достигнаа највисоките нивоа од 2008 година, а палминото масло, стоката што се користи во илјадници прехранбени производи, скокна на нови највисоки нивоа.   Цените на сојата се зголемија за 1,4% до 71 цент за фунта, што е највисоко ниво од 2008 година. Фјучерсите за канола масло во САД

Вести

Николовски: Постигнат договор со одгледувачите на овци

    Постигнат договор со одгледувачите на овци, информира министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски. „Новата системска мерка за предадено јагне во кланичен капацитет во висина од 400 денари ќе продолжи во текот на цела година, а не само до мај како што беше досега. За ова ги информирав сточарите на средбата во Битола. На нивно барање основната субвенција во износ од 1200 денари по грло продолжува. Дополнително ги информирав за формираното Координативно тело, заедно со АХВ и

Едукација Слајдер

(Видео) Дали можеме да создадеме „совршена“ фарма?

    Тенденциите за ефикасно земјоделство постојат колку што постои самото земјоделство. Идеалот за создавање на „совршена“ фарма континуирано се проткајува низ цела историја на постоењето на земјоделството. Како започнало сè? Пред околу 10.000 години луѓето (кои дотогаш биле ловци и собирачи на плодови кои им ги пружала природата) започнале да се занимаваат со земјоделство. Обработката на земјата претставува пресвртница во нашата историја, со што се овозможило создавање на цивилизации. Денес, речиси 40% од нашата планета е обработливо земјиште. Распространети

Вести Слајдер

Давид од „Кози, млеко, планина“ го угости министерот Николовски на фармата во Раштак

    Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски викендов беше во Раштак, на гости кај Давид. Со Давид од „Кози, млеко, планина“, тимот на Моја Фарма имаше пријатен разговор пред извесно време, кој беше објавен во форма на интервју на нашата веб-страна. Давид со своето семејство одлучил да го напушти градот, и да се пресели на село, каде заедно одгледуваат 70 кози и произведуваат вкусни млечни производи. „Поразговаравме за неговите идеи и планови, за проширување на производството, а

Вести

АХВ: Со неточни информации повторно се манипулира со безбедноста на храната

    Агенцијата за храна и ветеринарство ги отфрла неоснованите обвинувања на Цветан Трипуновски, претседател на Комисијата за земјоделство на ВМРО ДПМНЕ изнесени на денешната прес конференција, во која обвинува дека Агенцијата за храна и ветеринарство дозволила увоз на пилешко месо и производи од месо од Република Словенија во време кога во таа земја е потврдено присуство на  болеста птичји грип. АХВ е професионална институција и затоа пред граѓаните одговорно тврдиме дека храната која е увезена од оваа земја е

Вести

Трипуновски: Имаме основано сомнение дека во Република Македонија е внесена храна од пилешко месо и преработки од месо

    Имаме основано сомнение дека во Република Македонија е внесена храна од пилешко месо и преработки од месо, од држава во која што е детектиран птичјиот грип, изјави Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ. Во продолжение интегрален текст од изјавата на Трипуновски: Во неколку наврати, во нашата држава е дозволен увоз на пилешко месо и преработки од пилешко месо, иако во земјата од каде што потекнува оваа храна е детектиран птичјиот грип, и за тоа се информирани сите земји кои се

Вести

Додека цените растат во континуитет, куповната моќ опаѓа

    Светски трендови на поскапувања ќе има и понатаму, но колкави ќе бидат, најмногу зависи од државата и од тоа, какви одлуки ќе се донесе. Последните неколку месеци, се чини дека цените растат преку ноќ. Причините за ова се многубројни. Намалувањето на енергијата произведена од јаглен, релативно ниското производство од ветерните централи во Европа, брзиот пораст на пазарите во изминатиот квартал и енормниот пораст на цената на природниот гас на светските берзи, како и болестите на животните и намалувањето

Вести Слајдер

Официјален крај на ловната сезона

    Ловната сезона завршува на крајот  на  јануари. Но, официјалното затворање на ловната сезона се случи овој викенд со организирање ловење во стапица на диви животни. На местото наречено Горица денеска излегоа околу  100 ловџии кои се поделија на групи и го опколија местото, а друга група со потребната опрема ги насочуваа кон стапицата. Во неделата ловџиите имаа право да ловат само волци и лисици. Но, на местото беа видени и други  диви животни како диви свињи, диви мачки и

Вести

Доделени договорите за мерката седум од ИПАРД 2 Програмата за диверзификација на фарми и развој на мали бизниси

  Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и директорoт на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Никица Бачовски денеска ги доделија договорите за мерката седум од ИПАРД 2 Програмата, која се однесува на диверзификацијата на фарми и развојот на мали бизниси. Како што истакна Николовски, на последниот повик имало голема заинтересираност, одобрени се 110 апликации за вкупно 13,5 милиони евра поддршка, а вредноста на одобрените инвестиции изнесува 22 милиона евра. Според него, средства од мерката

Вести

Доколку сакаме развиен земјоделски сектор неопходна е брза дигитализацијата во иднина

  Резултатите од  9 месечно истражување спроведено во општините Кривогаштани, Старо Нагоричане и Врапчиште покажаа дека само 4,5% од населението во руралните средини се информира за работењето на општините преку нивните веб страни, 48% се уште дел од работите ги завршува преку шалтер. Ова укажува на нискиот степен на дигитална писменост на оваа категорија граѓани. Иако пандемијата го поттикна користењето на е услугите во сите области, тоа не е случај со македонското земјоделство. Дури и режиските трошоци како, струја, вода