Давид од „Кози, млеко, планина“ го угости министерот Николовски на фармата во Раштак

Давид од „Кози, млеко, планина“ го угости министерот Николовски на фармата во Раштак

 

 

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски викендов беше во Раштак, на гости кај Давид. Со Давид од „Кози, млеко, планина“, тимот на Моја Фарма имаше пријатен разговор пред извесно време, кој беше објавен во форма на интервју на нашата веб-страна.

Давид со своето семејство одлучил да го напушти градот, и да се пресели на село, каде заедно одгледуваат 70 кози и произведуваат вкусни млечни производи.

„Поразговаравме за неговите идеи и планови, за проширување на производството, а јас го запознав со бенефитите и придобивките кои може да ги искористи од државата преку многубројните мерки“, истакна Николовски.

Кози, млеко, планина

Николовски потсети дека оваа година преку Програмата за финансиска поддршка зголемени се субвенциите по грло за одгледување кози.

„Навистина вакви приказни инспирираат особено за млади луѓе, земјоделци, сточари, кои придонесуваат за руралниот развој и сточарството“, посочи Николовски.

 

Категории: Вести, Слајдер