Tag "земјоделство"
Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје, нов партнер на Мојафарма.мк
На 15.10.2021 година, во просториите на Деканатот на Факултетот за земјоделски науки и храна при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (ФЗНХ Скопје) – беше остварена средба помеѓу претставници на дигиталниот портал Моја Фарма и претставници од Деканатот на ФЗНХ Скопје. На средбата беа презентирани идеи и пристапи на меѓусебна соработка за развој на Моја Фарма како специјализиран дигитален медиум со цел доближување на земјоделството, земјоделската наука и индустријата на храна до пошироката јавност, со посебен ацент на
„Зелената и дигиталната транзиција на системите за храна и земјоделство“ – Клучна тема на агробизнис форум во Атина
На 6-ти и 7-ми овој месец, во Атина се одржа четвртото меѓународно издание на Агробизнис форумот на тема „Зелената и дигиталната транзиција на системите за храна и земјоделство“. Ковид-19 пандемијата откри сериозни недостатоци во синџирите на снабдување на глобално ниво во индустријата на храна и во земјоделството. Агробизнис форумот 2021 беше фокусиран на решавање на овие предизвици, подобрување на „зелената“ и „дигитална“ транзиција и проценување на влијанието на климатските промени, во согласност со CAP 2021-2027 и стратегијата на Фондот
Историја и легенди за оризот во Македонија – Од антиката до Османлиската империја
За Кочанскиот ориз и неговото масовно производство се создадени голем број на легенди, преданија, но и историски записи. Првите потврдени писмени записи потекнуваат од раниот XVI век. Според одредена група на автори и истражувачи, одгледувањето на оризовата култура во Кочанско се поврзува со времето на Александар Македонски, односно после походот на Персија. Според друга легенда, со потекло од селото Оризари, се спомнува дека оризовата арпа била донесена во втората половина на IX век, во времето на Константин Бегалнички, од
(Видео) Јапонско револуционерно откритие – полимерена лента како замена за почва
Јапонците пронајдоа нова метода во одгледувањето на растенијата, со употреба на полупропустлива полимерна лента наместо почва. Првично овој вид на пластика бил наменет за размена на материи во вештачки бубрези, но по неуспешна имплементација неговата употреба била наменета за нешто сосема друго – замена за почва во градинарското хидропонско производство. Овој полимер овозможува прицврстување на ситните коренови влакненца и селективна пропустливост, односно пропустливост на хранливи материи. Дијаметарот на дупчињата кои пропуштаат вода и хранливи материи e толку ситен што
(Видео) Храна 2030
Што е Храна 2030? Храна 2030 е истражувачка и иновативна политика на ЕУ за трансформација на системите за храна, која обезбедува секој да има доволно достапна и нутритивна храна за здрав живот. Амбицијата е да се постигне силен и одржлив систем за храна, погоден за иднината. Системите за храна, исто така, треба да обезбедат дополнителни придобивки за здравјето на луѓето, климата, планетата и заедниците. Храна 2030 ја обезбедува политичката рамка за забрзување на оваа транзиција во безбедни планетарни граници. Тоа е
проф. д-р Кабранова: Како идни агрономи, студентите на ФЗНХ ќе ги решаваат проблемите со недостиг на храна и климатските промени
Вистинскиот избор на факултет и стекнувањето на диплома е една од најважните одлуки во животот. Не постои ниту една поисплатлива и посигурна инвестиција од вложување во вашето знаење. Ако се одлучите за професијата агроном ќе може да одговорите на глобалните проблеми како недостиг на храна и справување со последиците од климатските промени, кои и тоа како ќе бидат значајни во следните декади. Патот до професија во земјоделството води преку Факултетот за земјоделски науки и храна во состав на Универзитетот
АФПЗРР: Земјоделците кои се корисници на субвенции да ги ажурираат податоците
Земјоделците кои се корисници на субвенции и имаат промена во банкарски сметки, телефонски броеви или адреса на живеење потребно е да ги ажурираат промените. Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството ги известува земјоделските стопанства кои поднеле барање за финансиска поддршка во 2021 година, а од денот на поднесувањето на барањето до сега имаат промена во: број на банкарска сметка, промена на адреса на живеење, или телефонски број за контакт – ќе можат да извршат промена во електронскиот систем во
Што ги „дигна до небо“ трошоците на земјоделците?
Земјоделците според индексот на цени во август имаат драстично зголемување на трошоците, а тоа најмногу се должи на повисоките цени на горивата и енергенсите. Загрижува и тоа што аутпутот, односно севкупното производство во истиот месец има раст од само 2,7%, додека пак инпутот односно трошоците се зголемени за речиси 10%. Во август 2021 година, во споредба со август 2020 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 110.5, а индексот на цените на инпут 2
Исплатени над 230 милиони денари за субвенции во земјоделството и руралниот развој
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на сметките на 4.846 субјекти исплати 230,1 милиони денари за субвенции. Директорот на Агенцијата, Никица Бачовски, информира дека овие исплати се за неколку мерки. „По три денари од килограм добиваат градинарите што оствареното производство од пријавените површини го предале во преработувачки капацитети. Денеска, за оваа мерка на сметките на 3.310 градинари исплативме 168,9 милиони денари. Вчера беше исплатена и финансиска поддршка за градинарите што минатата година имаа произведена зелка во
Како што беше најавено – Протести и блокади на кочанските оризопроизводители
Тимот на Моја Фарма активно ги следи случувањата со кочанските оризопроизводители. Како што беше најавено во една од нашите претходни објави – годинешната откупна цена на оризот ги разлути производителите на ориз. Револтирани се од ниската откупна цена за килограм оризова арпа. Велат не може една вреќа оризова арпа да се продава како една вреќа ѓубре. Бараат загарантирана откупна цена од 25 до 50 денари, во спротивно се заканија дека ќе излезат на масовни протести и блокади. Високите цени