VIII Симпозиум на Југо-Источна Европа за зеленчук и компир ќе се одржи од 24 до 26 септември 2021 година како виртуелен настан. Симпозиумот е во коорганизација на Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје, Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје под покровителство на International Society for Horticultural Sciences (ISHS).
Покрај Деканот на Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје, проф. д-р Вјекослав Танасковиќ, на свеченото отворање поздравно обраќање ќе има Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, г-дин Аријанит Хоџа како и претставници од FAO и ISHS. Воведничари се реномираните професори Јуксел Тузел од Универзитетот Еге во Измир, Турција и Даниел Лесковар од Истражувачкиот центар за Земјоделство и машинство од САД. Работниот јазик е англиски.
Учеството на ваквите настани подразбира релативно високи котизации, но овој пат сите заинтересирани ќе можат да го следат Симпозиумот преку Yоu-Tube каналот.
За учество на Симпозиумот може да се регистрирате на следниот линк: https://ishs8.org/registration/