На предлог на Министерството за економија, Владата донесе одлука за замрзнување на цените на основните прехранбени производи, објави министерот за економија Крешник Бектеши. Цените ќе бидат замрзнати на нивото од 1 декември 2021 година, во трговијата на големо и трговијата на мало.
Станува збор за производите: леб, шеќер, брашно – тип 400, сончогледово масло за јадење, трајно млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, свежо месо и сувомеснати производи, сирење и урда.
Бектеши вели дека од мерката се исклучени цените на привремените попусти кои важеле на 1 декември 2021 година. Одлуката ќе важи до 31 јануари 2022 година.
-Следејќи ја економската состојба предизвикана од здравствената криза на ковид-19 и енергетската криза во светот, како и потрошувачката моќ на граѓаните во Македонија, се оцени за потребно да се ограничан цените на слободниот пазар, единствено на примарните прехранбени производи, кои се доминантни производи за консумирање, вели Мухамед Хоџа – Портпарол на Влада.
Дел од граѓаните ја поздравија Владината мерка кој се носи во очи на празниците, други пак сметаат дека одлуката е задоцнета..
Според законот, за спроведувањето на оваа одлука задолжен е Државниот пазарен инспекторат.. За трговците што ќе ја прекршуваат, предвидени се казни од 800 евра до 10.000 евра. Од инспекторатот апелираат граѓаните да пријавуваат кај нив доколку забележат непочитување на мерката.
Слични Новости

Велика Британија ќе се воведува забрана за пластични ќеси, за пакување кечап, мајонез и преливи за салати

Домашните потрошувачи сакаат јагнешко, но не знаат дека меѓу најквалитетните е месото од нашата автохтона „Праменка Овчеполка“

Трипуновски: Имаме основано сомнение дека во Република Македонија е внесена храна од пилешко месо и преработки од месо
