Иницијативата „Отворен Балкан“ дава резултат, нема забрани за извоз на пченица од Србија за нас
470 Прегледи
„За земјите од ‘Отворен Балкан’ ќе има пченица и нема забрана за извоз од Србија. На следната средба во вторник во Белград ќе биде потврдена сликата на помош, поддршка и заедништво“ рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.
Тој додаде дека веќе се гледаат придобивките од оваа иницијатива и компаниите може да видат што значи немањето бариери за увоз и извоз.
„Македонските производи од Гевгелија до рафтовите во маркетите во Белград може да се најдат за помалку од еден ден“ рече Николовски.
Министерот рече дека веќе разговарал со неговиот српски колега и дека нашата влада ќе го даде динамичкиот план за увоз на пченица со цел да се овозможи увоз на потребните количини до жетвата.
Категории:
Вести
Слични Новости
Владата усвои законски измени за доделување на финансиска поддршка за производителите на јаболко, ориз, грозје и вино
Директорот на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот: Не изградивме одржлива дестинација, и годинава туризмот ќе го спасуваат домашните гости

