Минимално намалување на цените на горивата

Минимално намалување на цените на горивата

 

 

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) одлучи од полноќ да се намалат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,54 %.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,195 ден/кг и сега ќе изнесува 36,681 ден/кг.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98 и Еуродизел (Д-Е V) ќе се намалат за 0,50 ден/лит.

Со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95  ќе изнесува 71,50 ден/лит, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 73,50 ден/лит, а на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-E V) ќе изнесува 62,00 ден/лит.

Од полноќ цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1)  останува иста и  изнесува 62,00 ден/лит.

 

 

Категории: Вести