Народна банка: Инфлацијата ќе има умерена нагорна корекција во однос на претходно планираните 2,2 %

Народна банка: Инфлацијата ќе има умерена нагорна корекција во однос на претходно планираните 2,2 %

 

 

Според податоците од Државниот завод за статистика во 2018 година, уделот на храната и на безалкохолните пријалоци во вкупната потрошувачка на домаќинствата бил 38,7 %, а веќе во 2020 година се искачил на 45 %, односно за 6,3 % повеќе отколку што бил пред две години!

„Просечното домаќинство во Македонија наменува околу 66 % од својата потрошувачка за задоволување на основните потреби како храна, облека, домување и покуќнина. Во структурата на приходите, во 2020 година преовладуваат примањата врз основа на редовна и повремена работа со 66,2 %, пензиите учествуваат со 21,3 %, примањата од земјоделството со 6,7 %, социјалните бенефиции со 1,7 % и примањата од странство со 1,2 %“, велат од Државниот завод за статистика.

Што се зголемува, а што се намалува во структурата на потрошувачката?

Покрај растот на уделот на храната, споредбата на 2020 година со 2018 година покажува и дека за овие две години се зголемил уделот на пари што се користат за алкхолни пијалоци и тутун; за домување, вода, струја и енергенси; како и за мебел и покуќнина.

Во вкупната потрошувачка на домаќинствата се намалил уделот за сообраќај, образование, ресторани, култура и рекреација.

Интересен податок за минатата година, во време на пандемија, кога се очекуваше се зголемат здравствени трошоци, статистичките истражувања покажале нивен помал удел во однос на 2019 и 2018 година. Во 2018 година нивниот удел бил 4,2 %, во 2019 година изнесувал 3,5% и во 2020 – 3,1%.

Што ќе и направи инфлацијата на структурата на потрошувачката?

Она што загрижува е каков тренд ќе има структурата на потрошувачката во време на инфлација, кога вакво значајно зголемување на учеството на храната во вкупната потрошувачка сме имале во време кога во 2018 година сме имале инфалција од 1,5%, во 2019 година од 0,8%, а во 2020 година инфлацијата била 1,2 %. За годинава, последните прогнози од Светска банка се дека инфлацијата ќе биде 2,4 %. Од Народната банка пак, известија дека за инфлацијата ќе има умерена нагорна корекција во однос на претходно планираните 2,2 проценти, но се уште не прецизира за колку ќе биде корекцијата. „Притоа, нагласена е неизвесноста и променливоста во движењето на светските цени на примарните производи, а пред сѐ на енерегенсите, во следниот период“, велат од Народната банка.

Неодамна и од Стопанската комора потенцираа дека некои производи може да поскапат и за 50 %. Оттаму рекоа дека на фармерите основните производни трошоци им се зголемени за 70 – 80 %; за 10 – 11 % се зголемени директните трошоци во млечната индустрија; слична е ситуацијата и во месната индустрија, а скок на цените има и на житарките и на маслодајните семиња кои во моментов се повисоки од 20 до 100 %, отколку пред една година.

Последните податоци за просечната нето-плата се однесуваат за август и Државниот завод за статистика прсмета дека таа изнесува 28.642 денари и дека незјиниот раст во однос на пред една година е 4 %. Во август пак, инфлацијата мерена преку трошоците за живот, била 3,6 % на годишно ниво, додека анализата само на цените на мало покажала нивен раст за 4,9%. Државниот завод за статистика излезе и со податоци за инфлација за септемри. Септемврискиот пораст на трошоците за живот на годишно ниво изнесуваат 3,7%, а цените на мало пораснале за 5,6%.

 

Извор: Пари

Категории: Вести, Пазари