Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) одлучи од полноќ да се зголемат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,98 %.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,351 ден/кг и сега ќе изнесува 41,131 ден/кг.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе се намалат за 0,50 ден/лит. Од друга страна, цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 и цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се зголемат за 1,50 ден/лит, а пак цените на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се зголемат за 2,00 ден/лит.
Со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 73,50 ден/лит и 75,50 ден/лит за ЕУРОСУПЕР БС-98, а пак малопродажната цена за Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 64,50 ден/лит, односно 65,00 ден/лит за ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) .