Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) одлучи од полноќ да се зголемат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,84%.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,386 ден/кг и сега ќе изнесува 44,213 ден/кг.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се зголемат за 2,00 ден/лит.
Со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 78,50 ден/лит и 70,50 ден/лит за ЕУРОСУПЕР БС-98, а пак малопродажната цена за Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и за ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 71,00 ден/лит.
Категории:
Вести
Слични Новости
Синџирите за снабдување со храна се под сериозна закана поради недостигот на работна сила, храната ќе поскапи
Потрошувачката кошница во ноември изнесувала 36000 денари, ССМ бара минимална плата од 18.000 денари од јануари

