Што се биостимулатори и каква е нивната улога во модерното земјоделство?
Биостимулаторите како концепт се присутни во земјоделското производство уште од дамнешни времиња. Старите Египќани ваделе алги од реката Нил, со цел да ја изменат и збогатат структурата на почвата.
Дури во 50-тите години од минатиот век започнуваат да се користат методи за екстракција на активните супстанци од алгите, како полесно би биле апсорбирани од страна на засадените култури.
Биостимулаторите не се категоризирани ниту како пестицид, ниту како ѓубрива. Повеќе се обрнува внимание на тоа какви реакции предизвикуваат во самото растение. Помагаат во подобрување на општото здравје на растението, но помагаат и во растот на истото.
➥ Каква е улогата на биостимулаторите?
Биостимулаторите, всушност, го поттикнуваат растението да си помогне себеси, модифицирајќи му ја физиологијата. Поттикнуваат поефикасно искористување на водата и хранливите материи кои му се на располагање на растението. Исто така, му помагаат на растението при заштита од патогени, штетници и општо го штитат од надворешни влијанија. Со употребата на биостимулаторите се забележува и зголемување во одбрамбениот механизам на растението при стресни ситуации.
➥ Какви типови на биостимулатори постојат?
Има многу различни видови на биостимулатори, но сите можеме да ги класифицираме во 5 основни групи:
- растителни екстракти
- микробни
- амино киселини
- извори на јаглерод
- останати
Во овој текст ги опфативме само општите информации за биостимулаторите. Следете нè и понатаму, во некои од нашите наредни објави ќе ги опфатиме подетално посебните типови на биостимулатори и ќе се осврнеме на нивните предности.
Во продолжение можете да го погледнете видеото, каде што многу добро се објаснети базичните податоци во врска со биостимулаторите: