АХВ: И Мексико забрани носење производи од свинско месо

АХВ: И Мексико забрани носење производи од свинско месо

 

 

Агенцијата за храна и ветеринарство ги известува бизнис операторите и граѓаните, дека согласно добиената нота од Амбасадата на Мексико во Белград, преку Амбасадата на Р. С. Македонија, поради добиената потврда од Светската организација за здравје на животните – (OIE), за појава на болеста африканска чума кај свињите во Р. С. Македонија, на лицата кои патуваат во Мексико, а кои претходно ја посетиле Р. С. Македонија не им е дозволено да внесат било какви производи од свинско месо на територијата на Мексико.

Забраната е воведена поради заштита на внесување на болеста африканска свинска чума.

 

Категории: Вести