Био Оил го произведува првото масло од афион [шарла’ан] од Струмичко-радовишко поднебје
1,378 Прегледи
Во претходното интервју кое Моја Фарма го направи со вас, во фокус беше ладно цеденото сончогледово масло. Слушаме имате новитети, за што поточно се работи?
– На сам почеток кога ја поставивме бизнис идејата за погон за производство на ладно цедени масла, бевме сигурни дека ќе почнеме со производство на сончогледово масло. Не можевме да планираме како ќе се развиваме понатаму бидејќи не ги знаевме можностите на машината за екструдирање. Кога ги извадивме првите количини на висококвалитетно сончогледово масло сфативме дека имаме моќна машина со голем капацитет и решивме да продолжиме со други видови на масла. Како предизвик си поставивме второто масло да биде тешка задача, односно да направиме некое атрактивно масло кое е дефицитарно на пазарот.
Некако спонтано се одлучивме да пробаме да направиме афионово масло. Веднаш ја проучивме проблематиката и дојдовме до сознанија дека многу маслодајни фабрики направиле неуспешни обиди да направат афионово масло од причина што афионовото семе е проблем за обработка зашто има многу цврста обвивка. Таквите сознанија ни внесоа одредена доза на несигурност во нашата идеја. Почетокот на производството ги отфрли сите сомнежи за нашиот успех. Не само што успеавме туку и направивме вистинско богатство од афионово масло спакувано во шише и спремно за консумирање.
Некако спонтано се одлучивме да пробаме да направиме афионово масло. Веднаш ја проучивме проблематиката и дојдовме до сознанија дека многу маслодајни фабрики направиле неуспешни обиди да направат афионово масло од причина што афионовото семе е проблем за обработка зашто има многу цврста обвивка. Таквите сознанија ни внесоа одредена доза на несигурност во нашата идеја. Почетокот на производството ги отфрли сите сомнежи за нашиот успех. Не само што успеавме туку и направивме вистинско богатство од афионово масло спакувано во шише и спремно за консумирање.
МФ: Споредено со ладно цедените масла од маслинки и сончоглед – која е предноста на ладно цеденото масло од афионово семе?
– Сите ладно цедени масла меѓу нив и и овие масла како и афионовото имаат одредени позитивни бенефити по човековото здравје. Кога зборуваме за ладно цедени масла се подразбира природни масла исцедени од семето и наточени во шише. Маслата пак меѓу себе се разликуваат по својот состав и нутритивните вредности. Спрема овие параметри афионовото масло отскокнува во однос на сите комерцијални масла присутни во регионот а и пошироко на планетата. Постојат историски податоци дека и античките спортисти 2000-4000 години ПНЕ го користеле афионовото масло за енергија кога мешајќи го со мед добивале експлозивна сила. Речиси и не постои масло кое има толку сензитивно влијание во историјата на човештвото како афионовото масло кое се користело и како лек во отсуство на други медицински препарати.
МФ: Од каде го набавувате афионовото семе потребно за производство на маслото? Дали е локално од Македонија, или вршите увоз на истото?
-Спрема направени Светски анализи, на нашето поднебје се одгледува најквалитетниот афион на Светско рамниште. Спрема тоа и нашата традиција е богата со искуства од оваа драгоцена течност. Првото масло на нашите простори датира во турско време и тоа било афионовото и се добивало на примитивен начин каде семето се дробело камен со камен и истото било познато како Шарла’ан , турски збор за чисто масло. Ние само ја продолживме традицијата и го произведуваме истото тоа чисто масло на сличен начин но со современ процес. Афионот го откупуваме од мојот роден крај Радовиш кој исто така важи за богато искуство во традицијата за одгледување на ова маслодајно семе. Во времето на Југославија нашите краеви беа пребогати со одгледување на оваа култура која за жал е сведена на минимум во транзициониот период. Ние имаме визија преку договорен откуп со земјоделците да го вратиме во полн сјај афионот на Македонските ниви и цврсто веруваме дека ќе успееме во нашата мисија.
МФ: Која е процедурата за производство на ова масло? Може ли во кратки црти да ни го доловите производствениот процес?
-Самата процедура за производство на афионовото масло и не е нешто сложена бидејќи се зборува за процес на ладно природно цедење на масло. Овде никаква дополнителна интервенција не е можна освен природни процеси на дробење односно екструдирање на семето, гравитационо таложење на суровото масло, филтрирање и полнење во амбалажа. Нашиот производствен процес е поставен да ги исполнува овие постапки во модерен погон, кој ги задоволува и најстрогите критериуми за производство на храна со сертификат за ХАСАП стандард.
МФ: Дали ладно цеденото масло од афионово семе има богати нутритивните вредности и кои се здравствените придобивки за организмот од користење на ова масло?
-Афионовото масло, содржи висок процент на здрави незаситени маснотии, потоа содржи висок процент на протеини и помалку јаглехидрати. Исто така, микронутритивната вредност е особено богата. Листата на здравствените придобивки од афионовото масло за човечкиот организам е навистина огромна.
Овде ќе набројам дел од нив:
-За овие 4 месеци како нашето масло е присутно во малопродажбата веќе имаме позитивен фидбек од наши сограѓани кои имаат проблеми во врска со цела листа наведена погоре. Дел од бенефитите ги осетивме и ние во нашиот потесен круг на семејството кои редовно го консумираме афионовото масло. Конкретно јас можам да кажам дека после две години страдање од парадентоза и изгубени 2 заба, конечно почнав да јадам со цела вилица и покрај тоа што заболекарот ми рече дека нема лек за оваа модерна болест. Неколку изгореници и повреди третирани со маслото беа излекувани за минута, а болката ја снемува во истиот момент.
Бронхитисот кај мојата сопруга траеше само 2-3 дена после ударна доза на третман со афионов масло.
Увоболка третирана со не знам колку препарати од аптека кои беа неуспешни со неколку капки од маслото во секунда го реши воспалението. Сличен проблем и со афтите во устата и расечен јазик третирани една година безуспешно а само еден третман од маслото и веднаш беа видливи резултати. Искрено се надеваме дека оваа листа ќе се продолжи а дека ние секојдневно ќе слушаме за луѓе на кои сме им помогнале.
МФ: Веќе сте застапени во повеќе продавници низ Македонија. Може ли мало потсетување – каде можат потрошувачите да ги најдат вашите производи, и дали обичниот македонски потрошувач умее да препознае квалитетен производ?
-За жал не сме задоволни од нашата застапеност во малопродажната мрежа во Македонија. Тука има многу проблеми а еден од најголемите се трговците (нормално има исклучоци) кои и тоа како имаат слабо познавање за оваа проблематика па сите масла ги поистоветуваат а единствена разлика прават во цената.
Нормално тука е вториот проблем каде на пазарот постои огромна палета на масла кои се декларираат како ладно цедени, екстра вирџин или висококвалитетни а се со многу ниски цени, дури пониски од цената на производство. Обичниот македонски потрошувач може да ги препознае квалитетните масла.
Секое природно масло има силен интензитет на мирис и вкус на суровината од која е добиено маслото.
Затоа многу наши потенцијални потрошувачи кога ќего пробаат сончогледовото масло се чудат дека таков вкус досега не пробале, велат како сончоглед да грицкаат. Плус тоа секое природно масло може да се пие со лажичка а тоа и се препорачува и притоа да не ствара тегоби туку консументот треба да осети убаво чувство.
И на крај чистото масло е подложно на дејство на сончевите зраци и е лесно расипливо баш дека е природно и мора да биде спакувано во стаклено шише затемнето со УВ заштита. Ние на нашиот пазар му нудиме масло од највисок квалитет и се надеваме дека потрошувачите сѐ повеќе ќе го препознаваат нашиот бренд како симбол за квалитет. За таа цел и отворивме маркет за масло во Аеродром позади Капитол мол, прв од таков тип на нашите простори а веруваме и пошироко и го именувавме Шарла’ан, според нашата традиција. Под тоа име можат нашите сограѓани да не најдат на социјалната мрежа Фејсбук, при што најголем дел од маслото посебно афионовото го испорачуваме низ цела Македонија преку карго. Инаку од ланците на маркети, присутни сме во Веро, потоа во Моринга Здрава Храна, Марвик Здрава Храна, Мелем Од Вкусови, Групер, Органик Шпајз, Ралекс Маркети, Добра земја, Бренд маркети во билни аптеки и.т.н. Од неодамна почнавме соработка со ресторани и маркети за подготовка на храна кои откако ја почувствуваа магијата на нашите масла без двоумење се одлучија да продолжат со маслото на БИО ОИЛ Вкусот на Сонцето.