Oбука за ПОЧЕТНИ БИЗНИСИ ВО ДИГИТАЛНОТО ЗЕМЈОДЕЛСТВО

Oбука за ПОЧЕТНИ БИЗНИСИ ВО ДИГИТАЛНОТО ЗЕМЈОДЕЛСТВО

 

 

УКИМ Земјоделскиот институт – Скопје во рамки на проектот „EIT Food Start-Up Awareness Event“, кој е финансиран од Европскиот Институт за Иновации и Технологии – EIT Food, на Европската Унија организира дводневна обука на 10 и 11 ноември во Конгресен центар, с. Коњско (близу до нас. Лагадин), Охрид, насловена како „Почетни бизниси во дигиталното земјоделство“ (Smart farming start-up training).

Обуката е наменета за млади фармери, претприемачи, невработени и студенти кои се заинтересирани да започнат или се во рана фаза на развивање на стартап бизнис во земјоделството.

Учесниците ќе имаат можност да се здобијат со знаење и информации од областа на: бизнис моделирање, маркетинг, пичинг, глобални трендови во дигиталното земјоделството, можности за финансиска поддршка и друго. Информации за пријавувањето и агендата ќе најдете на веб-страницата на Земјоделскиот институт – Скопје http://zeminst.ukim.edu.mk/.

 

 

Категории: Вести, Слајдер