(Видео) Автоматизирано производство на расад

(Видео) Автоматизирано производство на расад

 

При производството на расад, за да се обезбедат квалитетни растенија, потребно е континуиран мониторинг на морфолошките карактеристики на растенијата и степенот на нивниот развиток. Покрај растот и развојот, исто така од исклучителна важност е замената на оние “неуспешни” растенија кои што уште на почетокот заостануваат и не гарантираат здрав расад. Како дополнителна операција која што е критична при производството на расад е пресадувањето на садниците (пикирање) од контејнери со помала димензија во контејнери или саксии со поголема димензија. Сите овие операции и процеси во голема мера се извршуваат мануелно и најчесто се карактеризираат со: високи трошоци за работна рака, проблеми во достапноста и координација на работниците, ниска производствена ефикасност и нееднакво производство како резултат на индивидуалното расудување на работникот за тоа кое растение треба да се замени при процесот на пресадување. Горенаведените карактеристики значително го ограничуваат производството на расад и создаваат неповолни услови за производство на расад во поголеми размери.

Од друга страна, производителите на расад поради високите трошоци и недостатокот од квалитетна работна сила  се повеќе и повеќе се фокусираат кон имплементирање на технологии со висока ефикасност која значително ја намалува потребата од работна рака.

На пазарот постојат голем број машини кои што можат да функционираат индивидуално или пак комбинирано целосно затворајќи го производствениот круг.

Машини кои што се користат во производство на расад се:

  • Машина за точно распоредување на супстрат
  • Машина за прецизна сеидба
  • Машина за трансплантирање
  • Автоматизирана садачка

Во следното видео ќе имате можност да ја видите машината за точно распоредување на супстрат и за прецизна сеидба на семињата:

https://www.youtube.com/watch?v=EKsPQQbaUXg&t=9s&ab_channel=NeetuSingh

На ова видео е прикажана машината која што ги надополнува или заменува сите оние растенија кои што не одговараат на потребите на одгледувачот, а тоа најчесто се оние растенија кои се заостанати во растот или пак воопшто не никнале.

 

Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.

 

Категории: Култури