(ВИДЕО) Од почеток до крај – Како изгледа интензивно производство на ориз во Јапонија

Оризот е главен дел од јапонската исхрана и има огромно економско значење. Јапонија е на деветто место во светот според производството на ориз. На годишно ниво, околу 85% од постоечките 2,3 милиони фарми во Јапонија садат ориз. Подобрени сорти на ориз јапоника се одгледуваат во речиси сите рурални делови на земјата. Најшироко распространета сорта е Кошихикари.
Просечната површина на полињата на кои се одгледува ориз е многу мала, а самото производство е високо механизирано. Поради малите фарми, производството на ориз се смета за сезонска работа која што не бара посебно внимание и многу труд.
За тоа како навистина изгледа производството на ориз, погледнете го следново видео:
Автор: Марио Петковски
Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.
Слични Новости

Основни информации за видовите на полиетиленски платна коишто се користат во изградбата на пластеници
