Молибденот директно влијае на фотосинтетската активност на растенијата

Молибденот директно влијае на фотосинтетската активност на растенијата

 

Молибденот претставува есенцијален микронутритиент кој се наоѓа во ткивата на растенијата. Тој е еден од групата на 17 микроелементи кои се потребни во исхраната на растението.  Игра примарна улога во два процеси кои се есенцијални за правилна функција на растенијата. Молибденот влегува во структурата на два ензима, од кој еден овозможува користење на азотот од почвата, а другиот овозможува азотофиксација (користење на атмосферскиот азот). Со помош на двата ензима се овозможува производство на аминокиселини, протеини и хлорофил. Најмалку 50 молибденови ензими се познати кај бактериите, растенијата и животните, иако само бактериски и цианобактериски ензими се вклучени во врзување на азот.

При недостаток на молибден во исхраната на растенијата, правопропорционално се намалува производството на азотните соединенија. Најчесто симптомите при дефицит на молибден се слични со симптомите при дефицит на азот. Неправилен раст на растенијата, настанување на хлоротични, деформирани и извртени листови, неправилна формација на генеративните органи (цветови) се карактеристични симптоми при дефицит на молибден кои сериозно можат да го загрозат здравјето на растенијата и да го намалат приносот.

Растенијата имаат потреба од молибден во многу мали количини (0.1 до 1.0 ппм) и го присвојуваат во вид на молибдат. Повеќето почви ги содржат потребните количини на молибден, но во случај на зголемена киселост на почвата растенијата се оневозможени од искористување на овој исклучително битен микроелемент. Во вакви случаи се извршува апликација на варовник за да се балансира pH вредност на почвата. Исто така, недостаток на молибден може се јави и во тресетни почви и деградирани почви со мало ниво на хранливи материи.

Најосетливи култури при недостаток на молибден се: луцерка, соја, грашок, тутун, зелка, карфиол, брокула и домат.

Категории: Култури