“Фарма на иднината” на Универзитетот Вагенинген

“Фарма на иднината” на Универзитетот Вагенинген

Универзитетот Вагенинген и центарот за истражување оваа година ја отвори првата “Фарма на иднината”.

Оваа фарма се темели на оддржливо производство со намален внес на минерални ѓубрива и хемиски пестициди. Ќе бидат имплементирани скоро сите нови технологии кои придонеле за развој во земјоделството во последните години. Причините за создавање на фарма од овој вид се следните:

  • Искористување на роботите во земјоделското производство
  • Искористување на човечките екскрети во фертилизација
  • Голема побарувачка за нови решенија

Управувањето на фармата ќе се темели на постоечките практики, но во самото производство ќе бидат вклучени роботи, дронови и прецизни технологии. Принципот на производство нема да биде во монокултура, туку ќе се произведува во редови (strip-cropping).

Како дел од проектот, посебно внимание ќе се обрне на отпадните води од човекот. Неискористувањето на отпадните води кои ги создава човекот претставува една од најголемите недостатоци во затворање на нутритивниот циклус на цивилизацијата. Исто така, во соработка со неколку фарми за добиток ќе добиваат шталско ѓубриво во замена за житарици и детелина. Фармата ќе се фокусира на замена на фосилните горива, односно дизелот, преку генерирање на енергија преку соларни панели и ветерници.

Целта е да се постигне перманентно намалување на употреба на сиров материјал и намалување на импактот врз животната средина. Со овој концепт ќе му се помогне на фармерот да добие поголема моќ за заработка, а во исто време да ги намали штетните емисии во почвата, воздухот и водата и воедно да се сочува биодиверзитетот.

Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.

Категории: Култури