Вино одлежано во море – нова туристичка атракција во Хрватска

Вино одлежано во море – нова туристичка атракција во Хрватска

 

Хрватите најдоа интересен начин да ја зголемат популарноста на нивните веќе познати вински сорти, како што е сортата Дингач наречена “Крал на хрватското вино”. Нивниот начин претставува складирање на шишиња вино во Јадранското море на длабочина од 18-25 метри. Ова овозможува да се одржи константна температура од 15-17 степени Целзиусови и во период од 2 години, колку што е одлежано секое шише, се развива еден уникатен вкус со блага арома на бор. Шишињата се складираат во специјално направена амфора и се затворени со двоен восочен слој што не дозволува надворешните фактори да влијаат врз вкусот на виното. Исто така, винаријата “Едиво вина” која што всушност го воведе овој иновативен начин на одлежување на виното, нуди и една авантуристичка понуда каде што посетителите ќе можат да нуркаат и самите да си ја изберат флашата вино.

Погледнете ја следнава видео репортажа за да го видите целиот процес:

Дали овој начин може да се искористи за складирање на виното во нашето Охридско езеро како атракција за туристите и љубителите на доброто македонско вино?

 

Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.

Категории: Вести