(Прв дел) Земјоделско-прехрабениот сектор на удар со порастот на производствените цени на земјоделските суровини

(Прв дел) Земјоделско-прехрабениот сектор на удар со порастот на производствените цени на земјоделските суровини

 

Врз основа на податоците од есенското издание на Извештајот за краткорочни прогнози во земјоделско-прехранбениот сектор на Европската унија забележан е значителен пораст на цените на земјоделските суровините. Високите цени на суровините се резултата на повеќе фактори: Закрепнувањето на економиите на ЕУ, САД и Кина; Цените на енергенсите, особено на природниот гас, кои во Европа достигнаа рекордно високи нивоа; Порастот на цените на вештачките ѓубрива, кои речиси двојно поскапеа во период од една година; Нарушувањето на синџирите на снабдување предизвикани од ширењето на Делта сојот на КОВИД-19; Контејтерскиот превоз  забележаа нагло зголемување на цените во текот на првата половина од 2021 година.

Инфлаторните притисоци од енергетскиот сектор и понатаму продолжуваат да растат. Цената на нафтата се очекува да остане под 70 USD/барел најмалку до 2023 година, оддавајќи впечаток дека е  воспоставена рамнотежа помеѓу благо зголемената понуда и намалената побарувачка во периодот на закрепнување. Цената на гасот во изминатиов период стана истакнат двигател на инфлацијата. Според „IHS Markit“ се очекува цената на гасот да го достигне врвот од речиси 18 USD/MMBtu во четвртиот квартал од 2021 година, што претставува зголемување за 240% во споредба со четвртиот квартал од 2020 година, и за 48% во однос на првата половина од 2021 година. Како резултат на студената зима, топлото лето, намаленото производство на нуклеарна енергија и ограниченото производство од обновливи извори се движечките фактори за ваквиот тернд. Се очекува домино ефект врз повеќе сектори, особено поради фактот што гасот се користи за производство на амонијак, што пак е основа за производство на вештачки ѓубрива. ЕУ, веќе се соочува со намалување на производството, па дури и затворање на фабрики во септември 2021 година.

Растејќи со многу побрзо темпо од цените на енергенсите, цените на ѓубривата и цените на металите и минералите, глобалниот индекс на контејнерски превоз („Freightos“) достигна покачување од +650% во периодот од декември 2019 година до Април 2021 година. Високите трошоци за контејнерски превоз укажуваат на тренд на криза во логистичките услуги. Како што Азија има лидерска улога во глобалното економско закрепнување, така и нејзиниот извозен капацитет предничи на глобално ниво. Моменталните предизвици се состојат во тоа што Азија доживува недостиг од контејнери. Нејзините партнери контејнерите ги враќаат назад празни, што предизвикува зголемување на нивните трошоци. Ваквата ситуација  дополнително се  влошува како резултат на ограничениот капацитет за испорака на нови контејнери поради  откажаните нарачките во време на глобалниот каратин и намалениот капацитет на авионски превоз, бидејќи авио индустријата сè уште не е целосно закрепната.

Што се однесува на движењето на индексот на цени на земјоделското производство на ниво на фармите во ЕУ, последниве неколку месеци е забележан тренд на забавување. Од јануари, овој индекс прододолжи да се зголемува, а во јуни го достигна врвот односно 15% над нивото од истиот месец минатата година. Конкретно, овој развој беше поттикнат од зголемувањето на цените на производителите на добиточна храна (пченка +64% во споредба со јуни 2020 година, јачмен за добиточна храна +30%), што преставува главен двигател за зголемувањето на цените на говедското месо, живината и сировото млеко за повеќе од 10%. Забавување во јуни месец беше поради позитивните очекувања за жетвата за клучните земјоделски суровини, кои не беа целосно реализирани поради загриженоста за квалитетот на приносот. Индексот на цени на потрошувачка и индексот на преработки, исто така, забележа раст но не на нивото забележано како кај индексот на цени на земјоделското производство. Сепак, високите цени кај  суровините се уште може да извршат притисок врз понатамошниот раст на овие два индекси.

 

Во продолжение, погледнете го и вториот дел од оваа анализа на следниот ЛИНК.

 

Категории: Вести, Пазари