(Втор дел) Земјоделско-прехрабениот сектор на удар со порастот на производстевните цени на земјодеските суровини

(Втор дел) Земјоделско-прехрабениот сектор на удар со порастот на производстевните цени на земјодеските суровини

 

Врз основа на податоците од есенското издание на Извештајот за краткорочни прогнози во земјоделско-прехранбениот сектор на Европската унија забележан е значителен пораст на цените на земјоделските суровините. Високите цени на суровините е резултата на повеќе фактори. Закрепнувањето на економиите на ЕУ, САД и Кина; Цените на енергенсите, особено на природниот гас во Европа достигнаа рекордно високи нивоа; Порастот на цените на вештачките ѓубрива, кои речиси двојно поскапеа во период од една година; Нарушувањето на синџирите на снабдување предизвикани од ширењето на Делта сојот на КОВИД-19; Контејтерскиот превоз – забележаа нагло зголемување на цените во текот на првата половина од 2021 година.

Состојби кај полјоделските култури

Производството на житни култури во ЕУ е во пораст, со проекција од 294,8 милиони тони за 2021/22 година, што претставува зголемување од 5% во споредба со минатата година. Овој раст главно е воден од заголеменото производството на пченица, проценето на 131 милиони тони или 11,9% повисоко од минатата година. И покрај високите цени, извештајот на ЕК предвидува дека употребата на житни култури за добиточна храна ќе биде стабилна за 2021/22 година, односно истата се предвидува да биде 162,2 милиони тони.

* (кликнете на графиконот за поголема слика)

Производството на маслодајни семиња во ЕУ закрепна од минатогодишното најниско ниво, проценето на 30,4 милиони тони за 2021/22 година, што претставува зголемување од 10% во споредба со 2020/21 година. Слична е состојбата и кај производството на протеински култури каде се очекува да достигне 4,8 милиони тони во 2021/22 година, што претставува раст од 11,3% во однос на 2020/21 година. Ова главно се должи на зголемувањето на површината под овој тип на култури, од 13,4%.

* (кликнете на графиконот за поголема слика)

Што се однесува до шеќерната репка, прогнозата за 2021/22 година е поповолна од минатата сезона, однсоно се очекува принос од 75,1 тони по хектар. Производството на шеќерна репка во ЕУ може да достигне 113 милиони тони, што претставува зголемување од 13,6% во споредба со претходната сезона.

* (кликнете на графиконот за поголема слика)

Генерално, со позитивни очекувања за производството и високи цени, производителите на полјоделски култури би требало да можат да го издржат зголемувањето на производните цените на суровините. Во контекст на Р.С. Македонија, имајќи ја предвид увозната зависност од горенаведените стратешки култури, ефектите од зголемените цени во ЕУ и на глобално ниво веќе се чуствуваат, но најголемиот удар се очекува во 2022 година. Ова, пред сѐ, се однесува на масолдајните, протеинските култури како и за шеќертната репка. Во случајот на житните култури, ефектите може да бидат избалансирани, со помали шокови врз земјоделско-прехрабениот сектор имајќи го предвид локалното производство како и расположливите државни резерви.

Од листата на други земјодеслки производи ја истакнуваме состојбата во секторот јаболка.  Имено производството во ЕУ се очекува да се зголеми за 10% во 2021/22 година, достигнувајќи 12,5 милиони тони. Ова зголемување е, пред сѐ, водено од зголеменото производство во Полска кое е резутлтат на многу поголеми обрани површини, односно поповолните временски услови во однос на минатата сезона. Ова ќе изврши притисок да се намалат цените и покрај зголемената проектирана поторшувачка.

* (кликнете на графиконот за поголема слика)

Производи од животински потекло

Ситуацијата на пазарите на производи од животинско потекло е разиграна. Цените во секторите за говедско, живина и млечни производи се стабилни. Меѓутоа, со зголемувањето на цените за добиточната храна како и на другите трошоци, пред сѐ енергенси, маржите на производителите може да се намалат. Големите фарми за млечни производи и оние за говедско месо се предвидува да покажат подобри резултати во количеството на производство како резултат на поголема достапнот до сточна храна (пред се луцерка) и поволната состојба кај пасиштата како резултата на поволните временски услови.

Откупот на млеко во ЕУ се предвидува да порасне за 0,3% во 2021 година, во споредба со претходната година. Млечните стада се очекува да опаднат за 0,9% но ова опаѓање се очекува да се компензира со зголемените приноси до 1,3%.

* (кликнете на графиконот за поголема слика)

Количина на испорака на млеко во ЕУ според земја-членка

Извозот на сирење од ЕУ можно е  да се  зголеми за 4% во 2021 година. Внатре во границите на ЕУ, употребата се проценува дека ќе порасне само за 0,5%. Малопродажната цена може да се очекува да опадне со повторното отварање на угостителскиот сектор. Ова треба да доведе до зголемување на производството на сирење од околу 1%, со очекувано забавување на сегашните стапки на раст.

* (кликнете на графиконот за поголема слика)

Во месната индустрија и производството на месо, експертите не очекуваат поголеми промени. Производството на говедско месо во ЕУ се очекува умерено да се намали. Во 2021 година беше забележано намалување од 0,5%. Ова главно се должи на намалувањето на сточниот фонд, како и помалата побарувачка од страна на угостителскиот сектор. Извозот на пазарите кои традиционално носат повисок приход, какви што се Јапонија, Норвешка и Хонг-Конг, се зголемува, што би требало да доведе до вкупен пораст од 2% за извозот на говедско месо во 2021 година.

* (кликнете на графиконот за поголема слика)

Пазарот на свинско месо во ЕУ се соочува со тешкотии, со значителен пораст на производството (4,1%) во првата половина на 2021 година, во комбинација со намалување на побарувачката. Ова доведе до пад на цените, во период во кој производителите се соочуваат со високи трошоци. Сепак, зголемувањето на производството се очекува да забави, со годишен раст на производството во 2021 година од 1,7%.

* (кликнете на графиконот за поголема слика)

Живинарскиот сектор, исто така, поминува низ период полн со предизвици, со трајни последици нанесени од птичјиот грип (Avian Influenza), намалената побарувачка од страна на угостителскиот сектор и високите трошоци за добиточна храна. Се очекува производството да се намали за 0,9% во 2021 година. Извозот на ЕУ е под влијание на забраните поврзани со птичјиот грип, што резултира со пад од 5% во 2021 година.

* (кликнете на графиконот за поголема слика)

Конечно, снабдувањето на ЕУ со овчо и козјо месо се соочува со намалена динамика, односно постои недостаток на пазарот, како на ниво на ЕУ, така и на глобално ниво. Ова, секако, ќе доведе до повисоки цени на пазарот. Како последица на недостатокот на овчо и козјо месо во изминатиот период, се очекува производството на ЕУ да се зголеми за 1,3% во 2021 година. Во однос на трговијата – високите цени, како и недостатокот на понуда, ги задржуваат овие производи во ЕУ, лимитирајќи го извозот на овчо и козјо месо.

* (кликнете на графиконот за поголема слика)

Во продолжение, погледнете го и првиот дел од оваа анализа на следниот ЛИНК.

 

Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.

Категории: Вести, Пазари