Дебар и Центар Жупа со 80% реализирана есенска сеидба

Дебар и Центар Жупа со 80% реализирана есенска сеидба

 

80 отсто од планираните есенски сеидбени активности се реализирани на теритотиите на општините Дебар и Центар Жупа. Преостануваат уште некои дополнителни активносати кои треба да се завршат во периодот кој претстои, но тоа е сосема нормално изјавуваат земјоделците од овој крај.

Според раководителот на дебарската подрачна единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арбен Муладаути, со есенски култури ќе бидат засеани 220 хектари.

– Од вкупно планираните површини, 215 хектари ќе се засеат со житните култури, од кои 80 со пченица, 95 со јачмен, 5 со ’рж и 35 хектари со други житни култури. Што се однесува до индустрските култури, на 5 хектари ќе биде застапена маслодајната репка, вели Муладаути.

Додава дека планирано е, најголем процент, 190 хектари, да бидат засеани од индивидуалните земјоделци. Досега се засеани над 140 хектари. Земјоделските претпријатија, пак, веќе ги засеале планираните 30 хектари.

-Тоа значи дека есенската сеидба е реализирана со 80 отсто или засеани се над 170 хектари. Очекуваме истата да заврши пред оптималниот рок, кој е до средината на декември, во зависност од временските услови, посочува тој.

Земјоделците располагаат со сета потребна механизација, квалитетен семенски материјал и ѓубрива.

 

Извор: Makpress

Категории: Вести