Во Англија потврден случај на птичји грип на мала живинарска фарма

Во Англија потврден случај на птичји грип на мала живинарска фарма

 

 

Високо патоген птичји грип тип Х5 се појави на мала живинарска фарма во централна Англија, потврди британското Министерство за земјоделство.

Птичјиот грип е откриен на фарма во близина на Алчестер во Варвикшир. Сите птици ќе бидат уништени.

Болеста се појави помалку од една недела откако Велика Британија прогласи национална зона за превенција од птичји грип, наредувајќи им на фармите и на луѓето кои чуваат птици да ги заострат мерките за биосигурност.

Птичји грип од видот Х5Н1 претходно беше потврден кај мало јато кокошки во северен Велс, во заробени птици на истокот на Шкотска и во центар за спасување птици во централна Англија.

Полска, исто така, пријави појава на птичји грип Х5Н1 на неколку живинарски фарми со вкупно 650.000 птици, објави во понеделникот Светската организација за здравје на животните (ОИЕ).

Вирусот се шири низ Европа во изминатите неколку недели и е потврден во Франција, во Германија, во Италија, во Холандија и во Данска.

 

Извор: Reuters

Фото: Pixabay