Дали сте знаеле – 8 причини зошто треба да пиете сок од компир?

Дали сте знаеле – 8 причини зошто треба да пиете сок од компир?

 

Зошто е здраво пиењето сок од компир?

Без разлика дали е печен, варен или пржен, компирот е еден од најчесто конзумираните јадења и е замена за леб. Компирот содржи многу хранливи материи како растителни влакна, антиоксиданси, витамини А, Б, Ц и К, цинк, железо, калциум. Но, со термичката обработка на компирот многу од хранливи материи се неутрализираат. Затоа со пиењето на сок од компир оптимално може да се внесат овие хранливи компоненти.

Еве осум причини зошто сокот од компир треба да го ставите во вашето дневно мени:

1) Зајакнување на имунолошкиот систем

Компирот има големи количини на витамин Ц,  кој  помага во превенцијата од настинки и инфекции.

2) Помага во варење на храна

Компирот содржи многу растителни влакна кои се корисни во  варењето на храната. Во својот состав компирот има една компонента која помага за намалување киселините во желудникот и за ублажување на стомачните тегоби.

3) Помага во намалување на холестерол

Сокот од компир поради големите количини витамини А, Б, Ц и К и влакна помага во намалување на нивото на холестерол.

4) Ги зајакнува коските

Компирот содржи  витаминот  К, кој е неопходен витамин за формирање на цврсти коски. Витаминот К  е важен и за коагулација на крвта, како и за пренесувањето на калциум низ телото.

5) Умор

Во народната медицина се верува дека ако се притрие сировиот компир на челото може да се ги намалиме болките во главата, стресот, дури и мигрената. Присуството на железо во компирот е  причина поради која се ублажува уморот и му дава енергија на целиот организам.

6) Губење на килограми

Големите количини на витамин Ц помагаат во забрзување на метаболизмот. Исто така пиењето на сокот од компир пред јадење може да ја намали потребата за храна и да ве направи сити.

7) Хидрација на кожата

Витамините Ц  и Б  и антиоксидансите  позитивно влијаат во одржувањето на влажноста на кожата, намалување на брчките и успорување на процесот на стареење. За свеж и младешки изглед, без дамки и црвенило секој ден нанесувајте сок од компир на вашето лицето.

8) Здрава коса

Сокот од компир помага и  против првутот и чешањето на скалпот, го зајакнува влакното и го стимулира растот на косата. Се нанесува еден час пред миење на косата.

компир сок

Извор: https://coastlinesurfsystem.com/

Начин на подготовка на сокот од компир

Компирите во својот состав имаат 80% вода, што значи дека за еден сок Ви се потребни еден до два компири. Начинот на подготовка е многу лесен. Се што треба да направите е да ги измиете компирите, излупете ги и отстранете ги зелените и црни дамки. Потоа можете да ги изрендате и процедите со цедалка или да ги ставите во соковник. Сокот се конзумира до 30 минути од подготвувањето.  Поради блуткавиот вкус се препорачува да се додаде сок од портокал или јаболко.

Како несакани ефекти од пиењето на сокот од компир се стомачни тегоби и дијареа, ако се конзумира во големи количини. За дијабетичари, бремени жени или доилки се препорачува пред конзумација консултација со доктор.

 

Автор: Александра Силјановска

Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.

Категории: Здрава храна
Tags: Храна