Гравчето е дел од вкусната традиционална храна, но кои се здравствените придобивки?

Гравчето е дел од вкусната традиционална храна, но кои се здравствените придобивки?

 

Гравот е едно од најздравите и најомилените состојки кои се подготвува традиционално на различни начини и е застепен во многу традиционални кујни. Богат е со протеини, витамини и минерали. Содржи манган, витамини од групата Б (Б1, Б2, Б5, Б6 и Б9) како и фосфор, цинк, калиум, калциум и селен. Одличен оброк е и за возрасни и за деца. Во продолжение можете да прочитате неколку интересни податоци за хранливите и здравствени придобивки од гравот.

грав црв

Извор: Pixabay

1. Богат извор на протеини

Гравот е одличен извор на протеини. Постојат дваесет аминокиселини од кои се изградени протеините, а девет од нив се есенцијални аминокиселини. Поимот есенцијални значи  дека човековиот организам не е во можност сам да ги синтетизира и единствен начин е да ги внесе преку исхраната. Гравот е богат со аминокиселини, но не сите 9. Затоа во комбинација со друга храна ги обезбедува сите неопходни аминокиселини за организмот.

Во 100 g телешко месо има 22 g протеин што е еднакво со количество на протеини кое го има во 100 g црн грав. Затоа оваа мешунка е добар извор на протеини, особено за вегетаријанци и вегани.

2. Антиоксиданси

Гравот содржи полифеноли, едни од најмоќните антиоксиданси.  Антиоксидансите му помагаат на телото да ги отстрани слободните радикали. Тоа се штетни хемикалии кои може да предизвикаат оштетување на клетките и да го зголемат ризикот на појава на разни болести. Конзумирањето на храна богата со антиоксиданси, како што е гравот, може да делува превентивно и да го штити телото од болести.

грав храна

Извор: Pixabay

3. Здравје на срцето

Некои истражувања ги докажале позитивните ефекти кај луѓето кои ги замениле животинските со растителни протеини. Ваквата замена позитивно влијае во намалувањето на ризикот од појава срцеви болести и холестерол. Исто така гравот содржи и растителни влакна. Храна богата со растителни влакна може да помогне да се намали ризикот од кардиоваскуларни заболувања.

4. Регулирање на нивото на шеќер во крвта

Сите мешунки, вклучувајќи го и гравот, содржат големи количини на растворливи влакна. Присуството на овие растворливи влакна игра улога во забавување на варењето што прави подолго време да се чувствувате сити. Консумирањето на храна богата со влакна помага во регулирање на нивото на гликоза во крвта, позитивно влијае на  одржување на здравјето на дигестивниот систем и намалување на ,,лошиот “ холестерол во крвта.

5. Спречување на замастен црн дроб

Замастен црн дроб се јавува како последица на  големото складирање на маснотии во црниот дроб. Оваа состојба може да создаде и други болести како што се висок холестерол и висок крвен притисок. Еден од начините за подобрување и регулирање на овие болести е намалување на килограмите и соодветна диета. Гравот е совршена замена за месото, бидејќи содржи доволно количество на протеини, но многу помалку масти.

грав здравје

Извор: Pixabay

6. Намалување на килограмите и стресот

Големите количини на влакна и скроб создаваат чувство на ситост и го намалуваат апетитот. Ако го вклучиме гравот во исхраната, на подолг рок ќе забележиме позитивни резултати при губењето на килограми. Гравот содржи големи количини на магнезиум, минерал кој помага за намалување на стресот. Освен тоа, магнезиумот е значен за здравјето на нервите и мускулите, а е неопходен и за здрави коски.

7. Подобрување на здравјето на цревата

Различните видови на грав, особено црниот грав, го подобруваат здравјето на цревата преку подобрување на функцијата на цревната микрофлора и зголемување на бројот на корисни бактерии. Ова може да помогне да се спречат болести поврзани со цревата. Здравите цревни бактерии го подобруваат  имунолошкиот систем и имаат позитивен ефект во  намалување на телесната тежина.

грав протеин

Извор: Pixabay

Поради тешката сварливост, не им се препорачува на лицата со желудечни и цревни проблеми. За да се намали појавата на надуеност и гасови, при подготовката треба да додадете природни зачини: магдонос, нане, лук, ловоров лист или кари.

 

Фото: Pixabay

Категории: Здрава храна