До 31 мај се замрзнуваат профитните маржи на трговците
Преглед
Владата на вчерашната седница донесе одлука од 1 март до 31 мај да ги замрзне профитните маржи на основните продукти кај трговците и тоа за 5 отсто кај оние на големо и 10 отсто кај тие на мало, информираше Министерот за економија Крешник Бектеши.
Основните производи се леб, шеќер, сол, брашно Тип 400, сончогледово масло, трајно млеко, свежо месо и сувомеснати производи, сирење, урдата, ориз, јајца, тестенини и пченица.
Како нови продукти чии цени до сега не беа замрзнати се овошјето и зеленчукот, како и суровото сончогледово масло. Иако претходно најавите беа дека оваа мерка ќе важи само за странските производи, според она што го објави министерот, сепак ќе се однесува на сите продажни цени.
– Оваа одлука се носи да се ограничат профитите на трговците на грбот на граѓаните и производителикте, рече Бектеши.
За прекршување на овие мерки предвидени се 800 до 1.000 евра за микро-трговец, 1.600 до 2.000 за мал, 3.000 до 6.000 за среден, од 7.000 до 10.000 илјади евра за голем трговец.
– Во наредниот период Државниот пазарен инспекторат ќе излезе со засилени контроли, а граѓаните ако утврдат зголемени цени да пријават на 191, додаде Бектеши.
Тој додаде дека Министерството за економија ова ќе го регулира и законски, а во финална анализа е Законот за нефер трговски практики во синџирот за снабдување на храна.
Слични Новости
Николовски потпиша 900 договори за давање во закуп на државно земјоделско земјиште за површини дo три хектари
(Прв дел) Земјоделско-прехрабениот сектор на удар со порастот на производствените цени на земјоделските суровини
Моја Фарма и Дамир Лучиќ го одржаа првиот вебинар: Едукација на овоштарите за успешност преку самопроценка и тестирање

