Се воведува единствена работна дозвола за Албанија, Србија и Р.С. Македонија
Со потпишувањето на договорот за условите за слободен пристап до пазарот на трудот на Западен Балкан, албанскииот премиер Еди Рама, неговиот македонски колега Зоран Заев и српскиот претседател Александар Вучиќ, ќе се овозможи воведување единствена работна дозвола за трите држави. Тројцата лидери потпишаа и договор за поврзување на системот за електронска идентификација на граѓаните на Западен Балкан.
Министрите за земјоделство на Албанија и на Србија, Фрида Крифца, Бранислав Недимовиќ и заменик министерот Трајан Димковски, пак, го потпишаа Договорот за соработка во областа на ветеринарството, фитосанитарната и безбедноста на храната и животните.
Потпишани се и договорот меѓу владите на Р.С. Македонија и на Албанија за взаемно признавање на одобрените овластени деловни субјекти за сигурност и безбедност (АEOС), како и договорот меѓу албанската и српската влада за заемно признавање на одобрените овластеи деловни субјекти (АЕОС).
На Форумот за земјоделство и регионална соработка, премиерот Рама рече дека со потпишувањето на договорите „се отвора нова ера на Балканот”
-Ова е нова ера за Балканот. Би замолил од денеска да отворите заеднички пазар на соработка со цел размена на студенти и вклучување на земјоделскиот сектор, рече Рама.
Потпишувањето на договорите, додаде, ќе придонесе за зголемување на земјоделскиот сектор.
-Сигурен сум дека денес ќе биде среќен бројот на луѓе, компании кои од Албанија одат во Р.С. Македонија или Србија да извезуваат производи бидејќи за нив патот е веќе отворен и целосно активност без граници. Ова е извонредно достигнување, зашто денес практично ја воспоставивме оваа значајна платфрома со наш потпис и од јануари ќе ги видат придобивките, рече Рама.