Инфо-ден во Кратово, промоција на можностите на мерката 7 од ИПАРД програмата

Телото за управување со ИПАРД при МЗШВ и АФПЗРР ги покануваат сите заинтересирани странки, физички и правни лица (микро и мали претпријатија) и задруги да присуствуваат на овој инфо ден и да се информираат за можностите за користење на средствата од ИПАРД Програмата 2014-2020 односно мерката 7 Диверзификација на фарми и развој на бизниси.
Инфо денот ќе се одржи денес, 5 август 2021 година (четврток) во 11.00 часот во Салата за состаноци на општина Кратово.
Јавниот повик 01/2021 е објавен на 8 јули 2021. Во тек е доставувањето на Барањата за користење на средствата, со цел до 22 август 2021 година сите апликанти да ги достават комплетно пополнетите барања за користење на средства и целокупната документација што се бара во јавниот повик, до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
Апликантите може да аплицираат во следните приоритетни сектори: алтернативно земјоделско производство, производство на прехранбени производи и пијалоци и тоа за следните типови на инвестиции, алкохолни производи од грозје или овошје и пиво, колачи, тестенини и пекарски производи, чај и билни екстракти, зачини и билки, слатководна риба, ракови и мекотели и други производи кои не се наведени во листа на производи од анекс I на договорот за функционирањето на ЕУ.
Прифатливи инвестиции во мерката 7 – диверзификација на фарми и развој на бизниси се: градба и реконструкција на објекти и друг недвижен имот кој се користи за прифатливите економски активности, набавка и/или инсталирање на нови машини и опрема поврзани со прифатлива економска активност, набавка на наменски транспортни резервари и приколки, на повеќегодишни дрвја и растенија (со исклучок на семе, саден материјал и мицелиум), набавка на нови машини и опрема за заштита на животната средина вклучувајќи опрема за производство на електрична енергија и/или греење со употреба на обновливи извори на енергија и инфраструктурно уредување.
Дополнителни информации се достапни на веб страниците на телото за управување со ИПАРД фондовите при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство www.ipard.gov.mk , Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој www.ipardpa.gov.mk и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството www.agencija.gov.mk или на телефонските броеви на Секторот за управување со ИПАРД при МЗШВ.
Слични Новости

Владата усвои законски измени за доделување на финансиска поддршка за производителите на јаболко, ориз, грозје и вино
