Нови мерки за сточарите во процесот на заштита и елиминација на африканската свинска чума!
305 Прегледи
Заради елиминирање на ризикот од појава и ширење на болеста африканска чума кај свињите во земјава, имајќи ја предвид епизотиолошката соостојба со болеста во регионот каде е потврдено нејзиното присуство, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) донесе решение со сет на мерки кои треба да ги применуваат одгледувачите на свињи за превенција од оваа болест.
Мерките вклучуваат:
- Забрана за испаша на свињи на отворено;
- Забрана за ставање во промет на свињи преку добиточни пазари и собирни центри;
- Забрана за набавка и внесување на свињи без воспоставени основни биосигурни мерки;
- Водење на евиденција за активности изведени на фарма;
- Пријавување на сомнеж на болест или угинување на свиња;
- Животните да немаат контакт со други животни со непознат здравствен статус.
За повеќе детали во врска со решението донесено од страна на АХВ пристапете ТУКА.