Која земја ги собра половина од светските залихи на храна?

Која земја ги собра половина од светските залихи на храна?

 

Според најновите статистики, Кина собра повеќе од половина од светските залихи на пченка и други житни култури и се очекува да продолжи да ги проширува своите резерви на храна.

Во првата половина на 2022 година, Кина ќе има 69 % од светските резерви на пченка, 60 % од ориз и 51 % од пченица, наведува американското Министерство за земјоделство.

Податоците на кинеската генерална царинска управа покажуваат дека таа земја во 2020 година потрошила 98,1 милијарди долари за увоз на храна (без пијалоци), што е 4,6 пати повеќе од пред една деценија. Во првите девет месеци од оваа година Кина увезла најмногу храна од 2016 година.

Во текот на изминатите пет години, кинескиот увоз на соја, пченка и пченица се зголеми меѓу два и 12 пати, а повеќето беа увезени од САД, Бразил и други земји кои се главни извозници. Увозот на говедско и свинско месо, млеко и овошје е зголемен меѓу два и пет пати во истиот период.

Експертите наведуваат дека Кина увезува се повеќе житарки и друга храна затоа што домашното производство не може да биде во чекор со потрошувачката.

Шефот на кинеските резерви на жито во Националната администрација за стратешки резерви на храна, Чин Јуџун, неодамна изјави дека Кина ги одржува резервите на храна на „историски високо ниво“.

„Нашите залихи на пченица можат да ги задоволат потребите за една и пол година. Нема проблеми со снабдувањето со храна“, рече тој.

 

Извор: RT

 

Категории: Вести