Опасност од шумски пожари – од утре, забрана за движење од 6 до 20 часот
Преглед
Јавното претпријатие „Национални шуми“, со оглед на зголемената опасност од појава на шумски пожари на отворен простор како резултат на зголемените температури, воведува делумна забрана за движење во шумите и шумското земјиште со кои стопанисува, на целата територија на Република Македонија, по претходно добиена согласност од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Оваа делумна забрана не важи за вработените во ЈП „Национални шуми“ и субјектите кои вршат шумско културни активности на површините со кои стопанисува јавното претпријатие, како и за лица кои имаат писмено одобрение за движење во шумите. Движењето ќе биде дозволено единствено со писмена дозвола издадена од подружниците на ЈП за подрачјето со кое стопанисуваат. За непочитување на оваа забрана на физички лица кои се затекнати да се движат во шума и шумско земјиште, согласно член 106 од Законот за шумите, ќе им биде изречена глоба, појаснуваат од претпријатието.
Слични Новости
Земјоделскиот институт при УКИМ со активности на Проектот ‘’Создавање погодна средина за подобрена отпорност на земјоделството на климатските промени’’ на ФАО
Известување: Од 20.12.2021 година сите Пријави и Барања ќе се поднесуваат електронски преку Систем за Фитосанитарна инспекција на веб страната на ДИЗ

