Општина Росоман – 600 овоштари пријавија штети од мраз

Општина Росоман – 600 овоштари пријавија штети од мраз

 

 

На јавниот повик на општина Росоман над 600 овоштари пријавиле штета од пролетниот мраз.  Бранко Јанев, градоначалник на Росоман,  нагласи дека штети има кај овошките во поголем дел од територијата на општината.

– Се работи за досега најголеми штети. Тие, според првичните согледувања, на некои места изнесуваат и до стотина проценти. Сето тоа е последица на пролетниот мраз од првата половина на месец април кога имаше ниски температури во нашиот крај, инаку најголем регион за производство на праски во државата, појасни градоначалникот.

За таа цел  е формирана општинска комисија за проценка на штетите. Оштетените овоштари се пријавија во локалната самоуправа на повик на таа комисија. Ќе се изврши увид на лице место и потоа проценките за штети ќе се достават до Министерството за земјоделство, со цел оштетените да добијат обесштетување.

 

Извор: МИА

 

Категории: Вести

Слични Новости