Побарувачката и извозот на боровинки расте – светскиот пазар ќе достигнe 3 милијарди долари до 2025

Побарувачката и извозот на боровинки расте – светскиот пазар ќе достигнe 3 милијарди долари до 2025

 

 

Според Извештајот на Министерството за земјоделство на САД (USDA), светската трговија со боровинки до 2025 година ќе се зголеми на 3 милијарди долари.

Седумте најголеми извозници на боровинки – Перу, Чиле, Мексико, САД, Јужна Африка, Полска и Канада – во 2019 година на светскиот пазар пласирале боровинки во вредност од 2,1 милијарди долари. Од 2016 година, вкупниот раст на извозот на бобинки од овие земји во просек изнесуваше 18% годишно.

„Ако извозот на овие земји расне во просек за 5% годишно во следните пет години, светскиот извоз на боровинки ќе достигне речиси 3 милијарди долари до 2025 година“, се вели во извештајот на USDA.

Експертите забележаа дека пад на светскиот извоз на боровинки не се случил најмалку од 2010 година, а во периодот од 2015 до 2019 година годишниот пораст на понудата во просек изнесувал 46 илјади тони.

Во периодот од 2010 до 2019 година, светското производство на боровинки се зголеми од 439 илјади тони на 1 милион тони. За тоа време, бројот на земји кои одгледуваат боровинки се зголеми од 26 на 30, додека во 27 земји има пораст на приносот на боровинки.

Од 2012 година, бројот на земји кои одгледуваат најмалку 10.000 тони боровинки годишно постојано расте, а до 2019 година најмалку 11 земји го надминаа овој праг. Најбрзо зголемување на приносот е забележано во Перу, каде во 2019 година се собрани 125 илјади тони боровинки.

 

Извор: Tridge

Категории: Вести