Птичјиот грип повторно на Балканот, потврдени нови жаришта!

Птичјиот грип повторно на Балканот, потврдени нови жаришта!

 

Птичјиот грип повторно се заканува дека ќе се шири на Балканот. Министерството за земјоделство и рурален развој во Албанија ги потврди првите случаи на птичји грип.

– По анализата на примероците од сомнителни случаи кај домашни кокошки, во Институтот за безбедност на храна и ветеринарство (ISUV), потврдено е присуство на птичји грип тип H5N8. Болеста е присутна во три жаришта населени места, лоцирани во административните единици Фуш-Круја, Дајт и Бујан, наведува министерството.

Од страна на ветеринарската служба биле преземени сите неопходни мерки за спречување на заразата од натамошно ширење на болеста.

Веднаш по објавата на Светската здравствена организација за присуство на вирусот во некои земји од регионот и пошироко, по наредба на министерката Милва Економи беше изготвен план со заштитни мерки.

Првата мерка беше забрана на влез на живина и месо од неа на територијата на Албанија од земјите каде е потврдено присуството на болеста.

Исто така на национално ниво забранета е продажба на живина на отворен простор и на сточни пазари. Транспорт е дозволен до кланиците, но само со ветеринарно здравствено уверение.

Во рамки на министерството формиран е национален кризен центар за раководење и координација на планот на активности.

Категории: Вести