Во организација на УКИМ Земјоделски институт ќе се одржи настанот “EIT Food Start-Up Awareness Event”

Во организација на УКИМ Земјоделски институт ќе се одржи настанот “EIT Food Start-Up Awareness Event”

 

Во организација на УКИМ Земјоделски институт на 9 и 10 ноември 2021 година ќе се одржи настанот “EIT Food Start-Up Awareness Event”, со физичко присуство во просториите на Земјоделскиот институт во Скопје. Истоимениот проект е финансиран од единицата на Европскиот институт за иновации и технологии – EIT Food, којa е поддржанa од Европската Унија.

Првиот ден од настанот ќе биде организиран во облик на научна конференција под наслов „Форум за адаптација кон климатските промени и можности за start-up бизниси во земјоделството“, каде што свои излагања ќе имаат претставници на Земјоделскиот институт, но и експерти од регионот, како и претставници од државниот, невладиниот и бизнис секторот, додека за вториот ден е предвидено настанот да е организиран во вид на интерактивна работилница насловена „Форум за зелени start-up идеи“, на која младите фармери и студенти ќе имаат можност да се стекнат со вештини од типот на развој на иновативни идеи, нивно преточување во start-up бизнис, како и презентирање на развиената идеја пред потенцијален инвеститор.

Доколку сте заинтересирани да учествувате на настанот, можете да се регистрирате на следните линкови:

Линк за конференцијата: https://forms.gle/f6ESu5oW2aegfZGN7

Линк за работилницата: https://forms.gle/WpC5KtPFzktJZw276

Категории: Вести, Зелен развој